Храна која што ќе ви помогне да го контролирате стресот

90

Нивото на стрес може да биде високо некои денови, но дали знаевте дека она што ќе избереме да го јадеме може да помогне во намалување на стресот?

Поради брзиот начин на живот и развојот на современите технологии, со самото тоа и социјалните мрежи, сè почесто сме изложени на голема количина на стрес, а често со стресот доаѓаат и потешкотии.

Но, правилната и здрава исхрана може да го намали влијанието на овие состојби врз нашето здравје.

Ако приметите дека сте сè почесто под стрес, обидете се што повеќе да консумирате нискокалорични намирници, како што се пуканки, мед, крекери, пченични переци и семки од сончоглед.

Експертите советуваат да јадете тост од цело зрно или овесна каша со додавање една лажичка мед.

Покрај тоа, можете да грицкате пуканки, а кога сте вознемирени и кога чувствувате потешкотии грицкајте крекери.

Семките од сончоглед се извор на фолна киселина која на телото му помага во производството на хормонот допамин. Со овој хормон постигнувате задоволство.

Покрај тоа, овој хормон е клучен и за нормално функционирање на организмот.

Јаглехидратите со малку маснотии можат да го зголемат производството на серотонин во мозокот, што може да ви помогне полесно да се опуштите.

Кофеинот би требало да се избегнува кога сте под стрес. Тој е стимуланс и може да ве направи повеќе нервозни отколку што навистина сте.