Храната најбрзо го топи целулитот

177

Со цел да се забрза отстранувањето на штетните материи од организмот, се препорачува да се зголеми внесот на храна богата со витамини, калиум, цинк и омега-3 масни киселини и на тој начин да го победите целулитот однатре

Покрај прекумерната тежина, повеќето жени имаат уште поголема преокупација – целулит. Честопати забележуваме како витки жени, но и млади девојки имаат карактеристични „џебови“ како  кора од портокал, односно целулит. Во ретки случаи, тоа е можно и кај мажи, но најмногу се јавува кај жени по пубертет, бидејќи е поврзано со метаболизам на естроген

Најдобра храна против целулит:

Ленено семе: Сомелен лен е здрав начин да го зачините појадокот. Богат е со омега-3 масни киселини. Ја зајакнува кожата и го стимулира производството на колаген, што е потребно за целулитот да биде помалку забележлив.

Семки од сончоглед: Дали сакате да грицкате семки од сончоглед? Ова е одличен избор на закуски кога имате желба да измамите глад. Сепак, внимавајте да не ги посолите. Семките од сончоглед се богати со витамин Е, Б6, цинк, калиум и сè што помага да се изгради здраво и силно сврзно ткиво. Витаминот Б6 исто така е природен диуретик кој помага да се исфрлат вишокот вода и вишокот токсини од телото.

Овес:Овесот е една од најздравите намирници кои едноставно мора да ги вклучите во вашата исхрана. Освен што го регулира варењето, овесот е една од оние намирници кои се полни со растителни влакна и ве одржуваат сити подолго време. Еден начин да го консумирате е овесна каша или трици од овес, кои можете да ги посипете скоро на секој оброк.

Лосос:Мрсната риба е одличен извор на здрави масти и антиоксиданти кои ги разградуваат масните наслаги под кожата. Омега-3 масните киселини ве одржуваат сити, и ова е добар начин да се борите против гладот и да останете сити, што е клучно ако не сакате да посегнувате по закуски помеѓу оброците.

Лути пиперки: Лутите пиперки се исто така богати со витамин Б6, а капсаицинот, кој е главната состојка на овие пиперки, може да го забрза метаболизмот. Во исто време, тоа значи побрзо согорување на калории и губење на масни наслаги, побрза циркулација на крвта, но и побрзо исфрлање на токсините од организмот.

Јаткасти плодови:Тие се многу важна храна што го топи целулитот. Имено, омега-3 масните киселини придонесуваат за здравјето на клеточната мембрана на кожата. Клеточната мембрана не само што блокира штетни состојки како што се токсични хемикалии, туку и задржува здрави елементи (како што е вода) за вашата кожа да изгледа помека и без целулит.

Агруми:Поради нивната способност да согоруваат маснотии, агрумите (лимон, портокал, грејпфрут) можат да и помогнат на кожата да изгледа мазно благодарение на високата содржина на витамин Ц. Овој суштински витамин растворлив во вода помага и во градењето и поправањето на колагенот на кожата – основна компонента во борбата против целулитот. Подготви: М.А.