Храбрите момчиња заедно, прегрнати, го извадија светиот крст од Вардар!  

1032

Дваесетмината мажи по крстот во реката Вардар во Скопје одлучија да не се натпреваруваат кој прв ќе доплива до чесниот крст што во светите води го фрли поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан. Тие прегрнати стрпливо чекаа да заврши церемонијата на осветување на водите на Вардар на мостот „Слобода“ кај „Холидеј ин“ и заеднички го дочекаа положувањето на крстот со паролата „Единство, братство, сплотеност“.

Во Охрид од осветените води на Охридско Езеро крстот го извади Мартин Гоџоски. Со празнични литургии и положување на чесниот крст се одбележа насекаде низ нашата држава. За сите кои го први фатија и извадија крстот од осветените води им беа дадени пригодни подароци. По Водици следен празник е утрешниот, посветен на Свети Јован Крстител

Дваесеттемина скокачи по крстот во реката Вардар во Скопје одлучија да не се натпреваруваат кој прв ќе доплива до чесниот крстот што во светите води го фрли поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан. Тие прегрнати стрпливо чекаа да заврши церемонијата на осветување на водите на Вардар на мостот „Слобода“ кај „Холидеј ин“ и заеднички го дочекаа положувањето на крстот со паролата „Единство, братство, сплотеност“.

– Крстот ќе биде со сите нас, ние ќе го вратиме во црква и се одрекуваме од сите материјални награди. Оваа година имаме повеќе среќници, а не еден среќник – порачаа учесниците на овој настан кој беше само еден од мноштвото што се одржаа во сите населени места низ Македонија.

Сепак, крстот од водата го извади Игор Јакимовски.

– Сите видовте како ние сплотени го направивме самиот чин за пуштањето на Светиот крст, така што сосема случајно дојде во моите раце, меѓутоа верувајте тоа е како да паднал во сите раце на сите верници што беа долу во водите. Тука се сите момци, заедно прославуваме. Јас ја имав таа чест да дојде во моите раце, тие ме испочитуваа како буквално јас да сум го фатил. Но тоа  е наш заеднички крст и покажавме една сплотеност во овие како да ги кажам тешки времиња, така што ќе продолжиме да бидеме  понатанму и се надевам дека ќе живееме една година што ќе биде безгрижна и година на враќање во нормала – изјави Јакимовски.

На свечениот чин на положување на чесниот крст одблиску го проследоа голем број верници, меѓу кои и премиерот Димитар Ковачевски и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Градот Скопје на Горан Николовски традиционално му додели икона и златник, кои тој од име на сите учесници ќе ги донира во Соборниот храм во Скопје за добротворни цели.

Во Охрид, пак, од осветените води на Охридско Езеро крстот го извади Мартин Гоџоски.

– Речиси десет години наназад скокам во езерото за да го фатам крстот. Голема желба ми беше да го фатам, еве тоа се исполна. Чувството е прекрасно, мислам дека тоа ќе ми донесе многу среќа и благососотојба во фамилијата. За да стигнеш до Чесниот крст мора да постиш, да си внесен во верата и да ги почитуваш правилата на Црквата – рече 25-годишниот Гоџоски.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, потенцираше дека она што како народ не држи тоа е традицијата, таа е тука да постои, ние да ја одржуваме и да се гордееме.

Со празнични литургии и положување на чесниот крст се одбележа насекаде низ нашата држава. За сите кои први го фатија и извадија крстот од осветените води им беа дадени пригодни подароци.

На овој ден, според христијанското предание Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Оној што ќе го фати Светиот крст, според верувањето, ќе го следи благослов и среќа во текот на целата година. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа, а се верува дека со спуштањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити. Затоа голем број верници си наполнија од светите води и тие се чуваат преку цела година. 

По Водици следен празник е утрешниот, посветен на Свети Јован Крстител.

(С.Бл.)Фото: Ѕвонко Плавевски