Хоџа: Тетовци се уморени од Теута Арифи и нејзиното владеење

37

Министерот од редовите на БЕСА, Аријанит Хоџа смета дека граѓаните од Тетово и Желино се желни за промена на градоначалничката структура во градот под Шара и се надева на победа во вториот круг. Тој денеска пред медиумите изјави дека секоја поддршка за нивната партија за општините Тетово и Желино е добредојдена.

„Секоја поддршка за Тетово и Желино е добредојдена. Поддршката на граѓаните нема да дозволиме да се претвори во политичко пазарење. Ние сме во комуникација со сите граѓани од Тетово и убедени сме во победа. Тетовци се уморени од Теута Арифи и нејзиното владеење“, истакна Хоџа.