Убедени сте дека е луксуз да се отседне во хотел со пет ѕвезди. Навистина, тоа е уживање, но има и подобар предлог за ова лето.

Постои „сместување со пет милиони ѕвезди“, кое на сите им е достапно. Но, има само еден услов – за да престојувате во ваков апартман, потребно е да сте љубител на кампување.

Оставете ја зад себе секоја грижа, сивилото на градовите, ропството на „четири ѕида“, и уживањето е загарантирано.

На Инстаграм во последно време овој стил е хит, а најмногу му подлегнуваат љубителите на природата.

Она што е интересно е дека камперите во последно време се повеќе користат шатори со транспарентен кров, па чувството е навистина како да сте под отворено небо. Ова сместување е единствено кое ви овозможува пред очи да ја имате целата Галаксија, кога и да го посакате тоа.

https://www.instagram.com/p/BxtSFP6gb2e/?utm_source=ig_web_copy_link