Хотел само за храбри: Гостите користат јаже за да се искачат до висечката соба/ВИДЕО

86

Во регионот Куско во Перу, има хотел за адреналин, Natura Vive Skylodge, кој бара голема храброст бидејќи просториите налик капсули се наоѓаат во карпите.

Покрај тоа, ќе ви треба дополнителна вештина за да стигнете до вашето сместување, кое нуди неверојатен поглед на долината и реката Урубамба.

Посетителите до него стигнуваат исклучиво со помош на сигурносни јажиња по стрмен планински пат и мора да се искачат на висина од 400 метри.

Таканаречениот хотел што виси е оддалечен само 12 километри од Мачу Пикчу, светиот град на Инките и веројатно најпознатата туристичка дестинација во Перу.

Посетителите го опишуваат времето поминато во хотелот како уникатна авантура, а особено им се допаѓа отворениот покрив низ низ кој се гледа ѕвезденото небо.