Хорот на Санкт Петербург цел на критики поради сатирична песна за напад врз САД

49

Хорот на Санкт Петербург е цел на критики поради изведување сатирична песна за истрелување ракета врз САД од советска нуклеарна подморница.

Песната, која била популарна во 1980-тите години, на хумористичен начин зборува за советски војници кои сакаат да истрелаат ракета врз САД „за три рубљи“.

По многуте лути коментари на неговиот профил на Интернет, хорот во соопштение наведе дека изведува многу песни кои останале автентични како и во времето кога биле создадени, и оти не сака да „менува стихови поради политичка коректност“.