Хороскопски знаци со кои ќе бидете најсреќни

698

Ако може да им се верува на астролозите, постојат хороскопски знаци што можат повеќе или помалку да ги направат среќни нивните партнери.

Освен за себе сите сме љубопитни да погледнеме што е напишано во хороскопот на саканата личност, нели? Жените често проверуваат дали се согласуваат со партнерот според хороскопот, или што ги чека во иднина со избраникот на нивното срце.

Според астролозите, претставниците на овие три знаци особено се внимателни кон жените, осносно тие најмногу можат да ги усреќат нивните партнери во љубовната врска.

Лав

Припадникот на овој хороскопски знак е сопруг кој бара многу внимание, а доколку сака тој може да биде најдобриот сопруг на светот.

Тој мора да знае дека на сопругата и е приоритет така што таа му докажува колку го сака. Како партнер не е религиозен и е доста емпатичен, а обично со него нештата остануваат онака какви сте ги поставиле на почетокот. Тој всушност е вистинско дете кое сака да се забавува, па сака до себе жена која е спонтана и весела.

Риби

Припадникот на овој знак е создаден за сопруг. Тој е способен да и се посвети на жената која ја сака и и ја дава целата љубов на светот без да стравува дека тоа ќе ја загрози неговата машкост.

Најсреќен е кога поминува време со семејството, а е еден од оние кои имаат најмала шанса да ја изневерат својата партнерка.

Истото го бара и од другата страна. Не трпи кавги и е мирољубив, а ако нешто го мачи најчесто го чува во себе.

Бик

Бикот обично одлучува да се жени откако ќе ги исполни сите предуслови како работа, одредена возраст, решено станбено прашање, а и самото основање на потомство може да го натера во брак.

Тој е посветен на семејството и обично е нежен и има добар карактер.

Не ужива во домашните обврски, но компензира со тоа што надокнадува на работното место.

Тој бара дама со високо либидо бидејќи и самиот е многу страстен.