Астролозите тврдат дека нашиот хороскопски знак многу влијае на нашите навики за купување. Сите имаме различни потреби, приоритети и желби за купување, но ако тргнете да купувате без многу да мислите – не сте вие виновни туку хороскопскиот знак.

Луѓето родени во знакот Овен се брзи, импулсивни, активни, енергични, сакаат да купуваат конкретни работи, но бидејќи се авантуристи и сакаат да ризикуваат, ќе се осмелат да пробаат нешто ново како најнов модел на патики, нов сладолед или нов телефон. Тие сакаат да бидат првите кои ќе се обидат, да бидат пример за другите, да ги следат трендовите на пазарот.

Биковите сакаат луксуз, елеганција, да уживаат во сите мириси, вкусови. Првиот на списокот е вкусна и квалитетна храна, колачи, работи за украсување на домот, свеќи, украси, растенија, козметика. Купуваат удобна и квалитетна облека и обувки. Удобност пред се, но со доза на стил, елеганција и гламур. Им се допаѓа купувањето преку интернет.

Близнаците сакаат да истражуваат, да експериментираат, да пробуваат различни јадења, најнови технолошки чуда што ќе им овозможат уште подобра комуникација, без разлика дали станува збор за мобилен телефон, таблет , лаптоп. Уживаат да купуваат преку интернет.

Раковите се врзани за домот и семејството, па обично купуваат нешто за украсување на домот, ситници за куќата и секако храна. Сакаат да им помагаат на другите, да им купуваат подароци, да ги покануваат на скара или вечера.

Лавовите се храбри, огнени и полни со самодоверба. Лавовите сакаат луксуз, гламур, купуваат квалитетна, убава облека и обувки со кои ќе привлечат внимание, парфеми, накит. Тие сакаат да ги следат трендовите, сакаат да блеснат. Тие бараат нешто ново, актуелно, трендовски, да бидат први во општеството и да се покажат пред сите.

Девиците се практични и логични луѓе. Тие заштедуваат многу пари и веројатно ќе ја проверат двојно цената пред да купат. Најчесто ќе купат средства за дезинфекција за дома, за чистење, најдобри апарати за домаќинство, сè е чисто и уредно со нив. Девиците сакаат практични работи како куфери, пегли, правосмукалки, мултипрактици за сечкање овошје и зеленчук и слично.

Вагите сакаат рамнотежа и во животот и во исхраната, па затоа честопати се импресионирани од здрава храна, препарати, пијалаци. Во шопинг, тие честопати се неодлучни, па детално проучуваат сè пред да донесат конечна одлука. Тие ги имаат најелегантните и најубавите работи во плакарот

Интензивните, емотивни и длабокоумни Скорпии често купуваат книги, корисни работи и не ги интересира туѓото мислење. Сакаат добра и квалитетна постелнина, добар телевизор. Идеална инвестиција за нив е затскриена куќа или палто со добар квалитет.

 

 

Бидејќи Стрелците се секогаш во движење, активни, желни за нови истражувања, забава, акција и авантура, тие сакаат практични работи како куфери, слушалки, удобна, но тренди гардероба,уживаат во шопинг.

 

Јарците сакаат да инвестираат во себе во својата работа, успех. Тие се многу практични, не сакаат да трошат пари на глупости, тие точно знаат што им треба. Воодушевени се со нови книги, автомобили, нова спортска облека, патики. Тие точно знаат што сакаат, па кога ќе решат да купат нешто, тоа е тоа.

Водолијата сака да истражува, да чита за некој производ, сака органски еко- производи, ги следат трендовите, сакаат да се пред времето. Тие сакаат книги, практични, но иновативни работи во куќата и во плакарот и обожаваат купување преку интернет.

Интуитивните, емотивни Риби сакаат креативни и романтични работи. Тие сакаат да сонуваат и да се одмораат, па нивниот дом, особено спалната соба, треба да биде убава и удобна. Сакаат да готват и да пробаат нова храна и не можат без вода, па затоа често одат на патувања до места покрај езеро, река или море.