Мото ГП-викендот во Ле Ман беше обележан со страшен судир меѓу тројца мотоциклисти за време на трката во категоријата Мото 2. Алберт Аренас падна на еден свијок, а потоа на него налетаа Ману Гонзалес и Арон Кане. Сите мотоцикли и возачи летаа во воздух, а потоа се приземјија во песокот пред заштитните гуми.

Лекарите веднаш притрчаа на помош. Иако останаа да лежат, сите тројца поминаа без посериозни повреди.

Судирот на мотоциклистни можете да го погледнете на следниот линк.

Инаку, на трката победи Италијанецот Тони Арболино, додека во Мото ГП на триумфот му се радуваше неговиот сонародник Марко Бецеки.