Велеслаломската трка на патеката Јанкинг беше одбележана со тежок пад на американската скијачка Нина О’Брајан за време на второто возење. Несреќната американска скијачка нема по добро да го памети настапот на Зимските олимписки игри во Пекинг откако непосредно пред целта, при еден свиок, и „откажа“ десното колено па падот беше неизбежен.

Со полна брзина О’Брајан остана без скии, а десната нога уште речиси и не и функционираше. За жал, веднаш се виде дека нема да биде добро, дека повредата е тешка, превиткувајќи се на патеката од болки.

Медицинската служба веднаш реагирала и Нина О’Брајан со хеликоптер била префрлена во болница во Пекинг, а трката била прекината на петнаесет минути.

Првите информации велат дека несреќната скијачка била свесна, а наводно се здобила со тешка скршеница на десната нога и повреда на лигаментите на десното колено… Лекарите на американскиот скијачки тим потврдија дека Нина прво прашала колку брзо скијала и била загрижена бидејќи се чувствувала виновна што поради нејзината несреќа трката била прекината.