Хорор во Кина: Маж испрскал опасна хемикалија во занимална, повредени 51 дете

80

Повеќе од 50 луѓе, главно деца, се повредени кога маж влегол во градинка на југозападот од Кина испрскал со опасна хемикали, соопштија денес локалните власти.

Осомничениот напаѓач на возраст од 23 години се прекачил преку ѕидот на градинката, а потоа во училницата каде што имало над 50 луѓе испрскал со натриум хидроксид.

Вкупно 51 дете и три воспитувачи се примени во болница за лечење, додека две лица имаат „сериозни симптоми“. Полицијата го уапсила напаѓачот за помалку од еден час по нападот. Локалните власти објавија дека напаѓачот е дете на разведени родители и дека тоа резултирало со развивање на психолошки пореметувања. Други медиуми објавија дека нападот го извршил како „одмазда врз општеството“.

Напади врз деца во училишта и градинки не се невообичаени во Кина. Во последните неколку години се случија повеќе вакви инциденти, а напаѓачите најчесто користеа ножеви.