Хорор во Италија:Ученик ранил наставничка со ловечки нож, на соучениците им се заканувал со пластичен пиштол

58
Ученик од средно училиште во предградие на Милано ранил денеска со ловечки нож наставничка и им се заканувал со пластичен пиштол на учениците во училницата, соопшти полицијата.

 

Соучениците од класот раскажаа дека 16-годишникот одненадеж станал по почетокот на наставата во градот Абијатеграсо и ја нападнал наставничката од зад грб по рацете и главата, јави италијанската новинска агенција АНСА.

Кога напаѓачот го вперил пиштолот кон учениците од каласот тие избегале од училницата.