Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, вели дека светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен, созреал. Тој посочува дека многу значајна била победата на последната трка од минатата сезона во Абу Даби, која му ја донесе шампионската титула на Холанѓанецот.

  • Макс направи проклето добра работа минатата година. Се справи со неверојатен притисок. Возеше неколку трки на спектакуларен начин и стигна до титулата шампион во последната трка во Абу Даби. Тоа многу му помогна оваа сезона. Макс се промени на подобро. Гледате како вози со многу повеќе искуство. Созреа во секој поглед и тоа му овозможи да победи, иако во борбата со Ферари судат само нијанси, истакна Хорнер.

Верстапен добро ја започна новата сезона и победи на шест од девет трки.