Првпат по прекинувањето на спортските натпревари поради пандемијата од коронавирусот беше одигран натпревар од Суперлигата во рагби, меѓу тимовите на француско – каталонскиот Каталанс Драгонси  против  Англискиот Ст. Хеленс.

Сите играчи од двата тима се солидаризираа во проектот за борбата против расизмот и клекнаа пред натпреварот, само еден од нив остана да стои.

Станува збор за 31 – годишниот Австралиев Израел Фола, кој миннатата година доби отказ во родната земја заради кршење на правилата на играчкиот кодекс на однесување.

Изреал е голем верник и тој смета дека хомосексуалците ќе горат во пекол. Меѓу останатите на неговата листа патници во пеколот се атеистите, пијаниците, прељубниците, лажговците, блудниците и крадците. Тој на сите им порача да се покајат, бидејќи само Бог може да ги спаси. Тој сето ова убаво го објасни на друштвените мрежи.

Австралиската рагби федерација, пак раскинувањето на договор го објасни со пораката дека ќе се држи до своите вредности како што се инклузивност, страст, интегритет, дисциплина, почитување и тимска работа. Фола со својот пост грубо ги прекрши барем две од овие вредности.

Тимот на Каталанс Драгонси  кој го загуби натпреварот со 34:6 застана во одбрана на свокот играч.

-Детално разговаравме за овој случај. Ние сме против расизмот и за еднаквост на сите. Но некои играчи одлучија дека нема да клекнат. Тоа е нивни личен избор, имаат свои причини за тоа, а ние одлучивме да го почитуваме личното мислење на секој од играчите во тимот, изјави тренерот Стив Мекнамара.