Девојката на легендарниот боксер Оскар Де Ла Хоја, Холи Сандерс, направила тетоважа на грбот во чест на боксерот.

Триесет и четиригодишната телевизиска репортерка, три месеци е во врска со 14-години постариот Де Ла Хоја, а на Инстаграм објави фотографија од тетоважата, каде ја следат повеќе од 600.000 следбеници. На тетоважата се гледа како Де Ла Хоја покажува кон небото откако го освои златниот олимписки медал на Игрите во Барселона во 1992 година.

  • Драг Оскар, имаш сè во животот. Нема ништо што можам да ти дадам што веќе не си го добил… освен ова. Оваа тетоважа го означува денот кога стана златно момче. Моментот кога освои златен медал на Олимпијада во 1992 година и погледнав кон мајка ми која почина неколку месеци претходно. Те сакам Оскар Де ла Хоја, напиша Сандерс во објавата.

Де Ла Хоја се бореше до 2008 година и е еден од најголемите боксери на сите времиња. Кариерата ја заврши со 39 победи и шест порази.