Холивудската легенда Кирк Даглас денеска наполни 103 години

277

Холивудскиот актер и легенда на светската кинематографија, актерот Кирк Даглас денеска наполни 103 години. Роденденската атмосфера ја пренесе неговиот внук, синот на Мајкл Даглас, Камерон Даглас кој на Инстаграм објави фотографии од домашната забава.

Инаку, неговиот син, актерот Мајкл Даглас и неговата сопруга Кетрин Зета Џонс не присуствувале на родендската забава, бидејќи во моментов се наоѓаат во Индија.

Кирк Даглас, е син на руски емигранти. Роден е како Исур Данијелович Демски, а во својата кариера ги одиграл едни од најславните филмски улоги од Спартак до Винсент ван Гог и Док Холидеј.