Холандски тенисер кој сакаше да остане анонимен откри ккао се местат натпреварите. Тој откри дека најмалку десетмина професионални тенисери на АТП редовно местат натпревари со цел да си обезбедат дополнителни приходи.

  • Делев собата со друг тенисер и разговаравме за тоа како финансиски успеваме да ги покриеме барањата на професионалниот тенис кој често пати е многу скап. Играчите скоро се мораат да си плаќаат сами – патувања, сместувања, а понекогаш и тренерот и салата за тренинг. Тој играч ми кажа дека има друг телефон преку кој известува други луѓе кога ќе изгуби одреден сет во замена за неколку илјади евра. Знаев дека постојат такви работи, но останав изненаден, изјави неименуваниот тенисер.