Холандија е за раздвојување на Северна Макеоднија и Албанија, но нема да става вето

94

Холандија бара Албанија и Севернa Македонија да бидат третирани одвоено во однос на отворањето на пристапните преговори за членство во Европската унија, за што ќе се расправа на состанокот на Советот на министри во Луксембург на 15 октомври, а конечната одлука треба да биде формализирана на 18 октомври од Европскиот совет.

Ваквиот став произлезе од вчерашната дебата во Комитетот за европски прашања на холандскиот Парламент. Шефот на дипломатијата Стеф Блок го повторил ставот на Владата дека почеток на преговори со Албанија во овој момент би било прерано. Холандија, сепак, нема да стави вето доколку останатите земји членки на ЕУ бидат за старт на преговорите.

Заклучокот од дебатата во Комитетот за европски прашања сега треба да се преточи во заеднички став на парламентарните партии.

Холандското МНР во меѓувреме ги повтори позициите на Владата дека земјите кандидати мора да ги исполнат поставените услови пред отворање на преговарачкиот процес.

Холандија го поздравува направениот напредок во земјите кандидадти, но смета дека нивното оценување треба да биде посебно врз основа на нивните постигнувања.

Во делот за Северна Македонија се вели дека е направен охрабрувачки напредок и се поздравува Песпанскиот договор како пример за решавање и на други отворени прашња во регионот. Се препорачува продолжување на предметите отворени од СЈО и се поздрваува нивното префрлање за понатамошно процесуирање во ЈО. Клучен чекор што треба да се направи е усвојување на закон што ќе гарантира независно Јавно обвинителство и гонење на случаите на висока корупција.

За Албанија, холандската Влада ги поздравува досега преземените чекори, но смета дека мора да бидат направени допнителни напори за зајакнување на борбата против корупцијата и организираниот криминал.