Хит патики – инспирирани од Фрида Кало

78

Брендот Ванс постојано изненадува и тоа пријатно со своите модели, па таков е случајот и со последната колекција на патики инспирирани од мексиканската уметница Фрида Кало. Ванс е познат по своите соработки и со други брендови а цел е да создаде колекции кои ја слават уметноста и културата.

Така, минатата година оние кои ја следат модата беа изненадени и одушевени од една неверојатна колекција, која произлезе од соработката со музејот на Ван Гог. Патиките на Ванс,тогаш беа инспирирани од најпознатите дела на овој холандски уметник.

Годинава Ванс повторно создаде колекција, инспирирана од уметноста, но овојпат од друг уметник. Фрида Кало е најпозната по автопортретите и делата кои се инспирирани од природата, па така и патиките имаат цветни дезени, но и мотиви од најпознатите дела на оваа уметница.

Она што може да се види на патиките се автопортрет од делото „Две Фриди“, принт со лубеница од „Живеј го животот“, и автопортрет со „Трнлив ѓердан и колибри“.