Хит од 80-тите достигна над милијарда прегледи на „Јутјуб“
Музичкиот хит од 80-тите Take on me на норвешката поп група A-ha, достигна повеќе од милијарда прегледи на „Јутјуб“, со што стана вторo видео од овој период на кој тоа му успеало. Спотот за песната е поставен на „Јутјуб“ во јануари 2010 година. Нивниот спот за песната во 1986 година освои шест MTV Music награди. Единствено видео кое е направено во 1980-тите и има над милијарда прегледи досега беше Sweet Child O’ Mine на бендот Guns N’ Roses.