Хименез е недостапен за Сити

30

Раководните лица на шпанскиот гигант Атлетико (М) ја потврдија пласираната информација дека ја одбиле официјалната понуда на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, која била наменета за централниот дефанзивец, Жозе Хименез. Пред неколку дена, популарните „граѓани“ понудиле 78 мил. фунти за обештетувањето на Хименез, но истата била одбиена со образложение дека дефанзивецот не е за продажба и дека и во новата сезона ќе престојува на „Ванда Метрополитано“.