Хесе ќе се врати во ПСЖ

84

Шпанскиот интернационалец Хесе Родригез, ќе се врати во редовите на ПСЖ за време на зимскиот преоден рок. Според „Марка“ португалскиот гигант Спортинг од Лисабон не е заинтересиран за продолжување на соработката со Шпанец кој пристигна како позајмен играч за време на летниот преоден рок.

Спортинг нема да ги откупи правата на 26-годишниот играч за два милиони евра пропишани со договорот за закуп. Оваа сезона Хес настапи на само 3 натпревари од португалскиот шампионат.