Хеликоптер за гаснење пожари утрово пристигнува и од Црна Гора

729

Рано утрово во справувањето со пожарите се вклучува и Црна Гора – испраќа хеликоптер Bell 412, информираше министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на социјалната мрежа Фејсбук.

„Благодарност до колешката Оливера Ињац! #НиеСмеНАТО #ЗаедноПосилни“, се заблагодари министерката Шекеринска во објавата на нејзината официјална Фејсбук страница.