-Во случај  и во идната Влада да се најдат и остатоци од режимот, кој во минатото државата ја донесоа во “многу тешка кризна ситуација”, како што се констатира во извештајот на Прибе, долготрајна политичка стабилизација на Македонија не треба да се очекува, вели во изјава за весникот ВЕЧЕР, политичкиот аналитичар и екс министер за финансии Џевдет Хајредини. Според него повторно неизбежни ќе станат предвремени избори, на кои веќе навикнавме.

-На Македонија не ѝ е птребна влада со тие што пет години не дозволија да се спроведе скоро ниедна реформа предложена од групата на Прибе, во која, не случајно, имаше и познат италјански инспектор за борба против мафијата. Со тие што сакаат да се спасат од долгогодишниот криминал, корупција и неморал, откриени со нелегално прислушуваниот материјал, како сведоштво на масовна злоупотреба на пари и моќ од мафијата облечена во власт. Со тие, за кои во обвинителството лежат отворени предмети, како oсомничени, обвинети или со првостепена пресуда осудени. Со тие што не дозволија да се измени изборниот модел по барање и на ЕУ и ОБСЕ и ОДИХР, вели за весникот ВЕЧЕР , Хајредини.