Тренерот на Мичиген Вулверинс, Џуван Хауард, е суспендиран до крајот на сезоната поради удирање противнички тренер. Поранешниот НБА центар и член на познатата петорка на НЦАА Мичиген „Фаб фајв“, која поради сплет на околности не стана шампион, е во центарот на вниманието поради скандалозното однесување, бидејќи по натпреварот со Висконсин (Мичиген загуби со 77:63) го удри во глава противничкиот помошен тренер Џо Крабенхофт.

Како што пренесуваат американските медиуми, Хауард бил прилично лут што тренерот на Баџерс побарал тајм-аут во самиот финиш на натпреварот, кога веќе било решено прашањето на победникот.