Поранешниот претседател на косовскиот Уставен суд Енвер Хасани објаснува дека премиерот во оставка нема право да му се обраќа на Уставниот суд било кога поднел оставка од функцијата, било се уште да е на функцијата.

Хасани за „Косовапрес“ кажа дека обраќањето на Рамуш Харадинај до Уставниот суд на Косово, иако поднесе неотповиклива оставка на функцијата, е губење време и обид да се „легализира одложувањето на формирањето нова власт или распуштање на собранието“.

Универзитетскиот професор Хасани вели дека Харадинај немал вистински совети кога ја поднесувал оставката.

Одлуките на Уставниот суд, според него, имаат општи последици, оосбено оние кои се однесуваат на начинот на функционирање на јавните институции.

Повтори дека во случај кога на владата и се изгласува недоверба и во случај кога премиерот поднесе оставка, владата паѓа и нема никакви уставни овластувања.