И покрај пропишаните мерки, во Сараево се одржа приватна забава на која присуствуваа многу познати пејачи, а меѓу нив беше и пејачот  Хари Мата Хари, кој веднаш се огласи.

– Отидов со добра намера да честитам роденден на мој пријател. Подготвен сум да одговарам за моите постапки и последици од овој чин и кон законот и кон јавноста.

Фото: ФБ.

Како што пренесува сараевскиот медиум Кlix, забавата била организирана со цел да се прослави роденденот на лекарот Јусуф Сабановиќ, шеф на абдоминална хирургија. На забавата од естрадните уметници присуствувале  Халид Бешлиќ, Хари Мата Хари, Шериф Коњевиќ, Семир Цериќ Коке, Слаѓана Мандиќ, како и бизнисменот Зијад Блекиќ и деканот на Факултетот за ветеринарна медицина Нихад Фејзиќ и министерот за надворешна трговија и економски односи Сташа Кошарац. Пејачката Слаѓана Мандиќ на својот инстаграм-профил објавила неколку фотографии на кои тие се забавувале со музика, храна и пијалаци.

Од забавата

Забавата била прекината од страна на полиција, а сите учесници биле парично казнети. (М.А.)