ХАРИ КЕЈН: Пораз кој ќе боли до крајот на кариерата

72

Капитенот на Англија, Хари Кејн проговори за своите чувства по поразот од Италија во финалето на ЕП 2020.

  • Имаме на што да се гордееме по сето она што го постигнавме. Сите сме победници. Сите сакавме да го добиеме финалето, па, најверојатно, сега нашите души ќе болат некое време. Одгласите на болката ќе се чувствуваат до крајот на кариерата, но што можете да направите, ова е фудбалот. Значително се подобривме по Светското првенство во Русија, и сега треба да продолжиме во истиот дух, изјави Кејн.