Плејмејкерот на Бруклин, Џејмс Харден, одигра уште еден брилијантен меч, откако овој пат со трипл-дабл ефект беше најзаслужен за триумфот на својот тим над неговиот доскорешен тим Хјустон со 132:114.

За Бруклин ова е седма победа во низа, а десетта во последните 11 натпревари. Од драга страна „ракетите“ продолжуваат со неуспесите, со оглед што ова им беше 13. пораз во низа.

Екипата од Тексас играше со само осум кошаркари, а нема остварено победа точно еден месец. Харден мечот го заврши со 29 поени, 10 скока и 14 асистенции, додека Кари Ирвинг додаде 24 поени.