Харадинај поднесе оставка, но денес дојде на работа

91

Рамуш Харадинај, иако поднесе оставка како премиер на Косово пред два дена, тој, сепак, продолжува да ја извршува функцијата. Денес тој продолжи со својата агенда и присуствуваше на спомен-академија во Ораховац.

Харадинај не даде коментар за оставката и очекуваните настани во Приштина, пренесува Топ Чанел.