„Ќе бидам во загуба за некои 50 илјади евра, но тоа не е важно, најважно е да сме сите живи и здрави, парите пак ќе се заработат, изјавил Здравко Чолиќ. А, Аца Лукас покус за над 100 илјади евра! Кај нас има и спротивставени обиди, па така еден наш музичар се запрашал: „Зошто кафеаните да бидат затворени по 18 часот кога ние во нив вадиме леб од тие настапи“?!

И покрај сите молби и забрани, но секако и покрај самата самосвест, сепак на неодамнешниот концерт во Белград на српската евровизиска ѕвезда Марија Шерифовиќ дојдоа над 4.000 илјади нејзини огнени фанови. Со тоа и покрај предупредувањата на српскиот претседател Александар Вучиќ да нема масовни собирања поради епидемијата со коронавирусот, пејачката го одржа концерт и на својот, но и на ризикот на присутните. Меѓутоа, медиумите ова нема да и го заборават. „Српскиот телеграф“ излезе со најостра критика коментирајќи преку својата насловна страница дека на “Марија и зинал г….за парите“! Самата Марија тешко ги поднесува критиките, но вели дека луѓето никој со сила не ги тера да дојдат на концерт за кој имаше голем интерес.

– Јас не сум виновна! Ете, мојот концерт кој требаше да го имам сега до крајот на март во Сплит е откажан. Не е убаво во оваа мрачна ситуација само мене да ме обвинуваат. Публиката е таа која конечно одлучува за сè, а јас не сум таа која на публиката ќе ѝ забрани да дојде на концерт – порача темпераментната Марија. Нејзините колеги се крајно разочарани поради тоа што Шерифовиќ во времето на корона вирусот одржа концерт.
Најостра на јазикот беше нејзината постара колешка Нада Топчагиќ, која отворено вели: „Нека се е….. со песната и концертот, целиот свет е во хаос“! Се поставува прашање дали можеби Марија не сакала да ги изгуби слатките пари кои веќе ги има изгубено со откажаниот сплитски концерт или навистина е толку луда и храбра да пее во такви нездрави околности?

За разлика од неа другите пејачи масовно ги откажуваат своите концерти. Здравко Чолиќ го откажа концертот во Берлин.
– Ќе бидам во загуба за некои 50 илјади евра, но тоа не е важно, најважно е да сме сите живи и здрави, парите пак ќе се заработат, изјавил Чолиќ. Во поголема загуба од Здравко е неговиот српски колега популарниот пејач Аца Лукас. Тој ги откажал сите свои следни настапи поради кои ќе биде во дебел минус од над 100 илјади евра. Иста е ситуацијата и со Северина, Лепа Брена, Јелена Розга, Горан Бреговиќ, Ана Бекута, Јосипа Лисац, Петар Грашо, Мирослав Илиќ, Жељко Јоксимовиќ, Драгана Мирковиќ, Данијела Мартиновиќ, Ѓорѓе Балашевиќ, Јелена Томашевиќ, Калиопи и секако Цеца…..никој од нив нема да настапува цел месец.
– Буквално се откажав до почетокот на април, изјавила Лепа Брена. Ќе седам дома во Белград, ќе се одморам, а одморот и онака ми е многу потребен.

Секако дека и во Македонија сите естрадни концерти се веќе откажани, концертите на: Жељко Бебек, „Електрични оргазам“, фестивалите на електронска и сериозна музика, фестивалите на народната и забавната песна. Се подразбира дека и македонските пејачи се во тешка финансиска загуба. Многумина се помирени со ситуацијата, а има и такви кои на своите ФБ-профили дури и пишуваат секакви кукумјавки. Еден музичар чудновато се запраша: „Зошто кафеаните да бидат затворени по 18 часот кога ние во нив вадиме леб од тие нашите настапи“? Што може да е ова ако не тотално разочарувачко размислување за околу состојбата поради смртоносниот вирус. На некој од пејачите парите да им се поважни од здравјето на народот, кога на луѓето сигурно и не им е до одење во кафеаните поради висок ризик на смртноста од корона вирусот, а со оглед на тоа дека нема масовни собирања во затворени простории… сè додека не помине ова страшно зло. На пример, Александар Тренчевски од „Тајфата“ вели за ВЕЧЕР дека сите свои настапи со групата ги откажал, а дека излезот тој и бендот ќе го побараат во странство. И пејачот од Охрид Ѓоко Танески за ВЕЧЕР констатира дека не само тој, туку сите негови колеги со кои комуницира си ги откажале настапите во кафеаните, рестораните, дискотеките.

Фолк-ѕвездата Марјан Коцев исто така за ВЕЧЕР вели дека овој викенд нема да пее во Струмица: – Се е откажано, па дури и една свадба. А, што можам, тоа е виша сила, ние сме немоќни, па дај Боже да се смири ова лудило, да поченеме нормално да функционираме…..Странството и тоа она кое не е ризично сега за сега, им е и единствената алтернатива за заработка, доколку тоа им е за утеха. Во далечната Австралија кај нашите во дијаспора заминаа оние пејачи кои можеа за кусо време да се (само)организираат.

Но, за Америка летовите од Европа веќе се стопирани по забраната на Трамп, така што таа можноста за американската заработка пропаѓа. Констатацијата е дека на пејачите сега не им останува ништо друго освен да се стрпат и да ги грицкаат, како што велат старите „бели пари за црни денови“, оние од порано заработените.
Дуле Миќиќ /фото:ФБ