Хаос во “Ѕвездите на Гранд“: Македонецот Темелков разочаран од Марија и Карлеуша – “Кој тебе те враќа, бре“?!

6425

Во најновата емисија на балканското шоу „Ѕвездите на Гранд“, настапи и македонскиот кандидат Александар Темелков, кој е многу интересен со самата своја појава. Тој одлично се претстави со песните „Отац“ и „Ќе ти дојдам вечерва“. Но неговата интерпретација му донесе само три гласа и тоа предизвика вистински хаос во студиото.

Жирито почна да се расправа,а Вики Миљковиќ беше лута на своите колеги што му дале толку малку гласови на пејачот од Македонија. Сепак, Ана Бекута го охрабри велејќи му дека има сè поубав глас како што созрева.
Но целата ујдурма ја направи скандалозната Марија Шерифовиќ со зборовите: „Темелков, преку глава ми е од тебе. Сè исто пееш. Извини, те молам, водете го оттука“, се изнавика Шерифовиќка.

Сите симпатии за Аце стасаа од пејачката Дијана Михајловиќ

Истата лоша во оценувањето беше и Карлеуша: „Никако да се ослободиме од тебе, кој тебе те враќа, бре?“. Потоа Саша Поповиќ откри дека продукцијата одлучила да го врати Темелков во натпреварувањето.
На крајот, сепак, Марија се премисли и му даде глас на Темелков кој ќе го видиме и во четвртиот круг во ова многу гледано тв-шоу.     Д.М.