ХАОС во српското Собрание: Пратениците тргнаа кон Вучиќ, интервенираше обезбедувањето

249

Целосен хаос се случуваше во собранието на Србија, во попладневната расправа по говорот на претседателот Александар Вучиќ, кога пратениците од опозицијата, тргнаа кон српскиот претседател, јавува Blic.rs

Пратениците прво извикувале „предавство, предавство“’, „Косово е срце на Србија“, а потоа се упатиле кон претседателот Вучиќ.

Во исто време, станале и пратениците од СНС која е на власт, а во општиот хаос кој траел околу 15 минути, во салата интервенирало и собраниското обезбедување.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повикал пратениците од СНС да бидат мирни и да и дозволат на опозицијата да го „покаже вистинското лице“. Вучиќ истакнал дека опозициските пратеници со „циркузот што го направиле“ во Парламентот и нанеле огромна штета на Србија.