Велика Британија во понеделникот ги укина речиси сите рестрикции поврзани со пандемијата на коронавирусот и веќе во првата недела бележи раст на бројот на новозаразени, недостиг на роба во маркетите и хаос со апликацијата за самоизолација.

Полиците во супермаркетите низ змејата се речиси празни. Но, овој пат причина за тоа не е налетот на потрошувачите кои прават залихи, како што беше случајот на почетокот на пандемијата. Причина сега е отсуството на голем број вработени во продавниците и возачи за достава кои не доѓле на рабита бидејќи на своите телефони добиле кратка порака од Заводот за јавно здравје дека мора да одат во самоизолација поради контакт со заразени.

Некои ланци на супермаркети биле приморани да затворат одреден број продавници, што не се случувало ни во трите досегашни локдауни во В.Британија.

Стотина илјади луѓе, вклучувајќи го и премиерот Борис Џонсон, мора да заминат десет дена во самоизолација откако преку апликацијата се известени дека биле во близок контакт со заразени лица.

Податоците од Националниот завод за јавно здравје (NHS) покажуваат дека се испратени рекордни 618.903 пингови на корисниците на таа апликација во Англија и во Велс.