Хан се огласи за „Рекет”: Никој не е над законот

94

Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи непрекинато. Ова на Твитер го напиша еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, околу случајот Рекет.

– Борбата против корупцијата на високо ниво мора да се одвива непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања. Никој не е над законот и не може да има неказнивост. Надлежните органи мора да ги испитаат сите кривични дела, без никакво мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, напиша Хан на Твитер.

За потсетување, три дена Ла Верита објавуваше видеа за Рекет каде се виде и слушна дека Боки13 и Зоки Кичеец земале пари од Орце Камчев, се слушна и гласот на специјалната обвинителка Катица Јанева која му рече на Камчев дека се ќе биде добро, а Боки13 го спомна и Заев.

Јанева изјави дека преговарала со Камчев да и биде сведок во нова предистрага, додека Заев категорично отфрли вмешаност велејќи дека Бојан Јовановски му го злоупотребил името.

Денеска ЛаВерита не објавува ново видео за Рекет, туку за Могерини во кое ја прашува зошто молчи за криминалот во Македонија.