Хан: Блиску е октомври, веднаш да се обезбеди независно обинителство!

109

Жалам за јуни бидејќи земјата испорача се што се бараше од неа, но неопходно е да се спроведат реформите. Блиску сте за да направите голем чекор во октомври, истакна еврокомесарот Јоханес Хан на денешната прес конференција со премиерот Зоран Заев. Тој ја истакна надежта дека во октомври Македонија ќе ги започне преговори за членство во ЕУ.

Корупцијата и оранизираниот криминал се главните точки на кои треба да биде фокусирана владата.

Еврокомесарот беше дециден веднаш да се преземат чекори и да се обезбеди независно обинителство.

Сите политички партии треба да покажат отвореност за соработка и да бидат фокусирани на октомври и добивањето на датум за почеток на преговори.

Освен со Заев, комесарот за соседска политика и преговори за проширување на ЕУ, денеска во Скопје ќе има средби и со претседателот Стево Пендаровски и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Еврокомесарот Хан е искрен поддржувач за нашето членство во ЕУ, рече по средбата премиерот Заев.

Посветената работа на еврокомесарот Хан на Запаниот Балкан даде големи резултати, ние сме земја блиска на ЕУ. Очекуваме пријателството да продолжи, тој останува нашиот линк во процесот на евроинтеграциите на Македонија, рече Заев.

„Во октомври очекуваме ЕУ да си го оджи зборот и Македонија да започне да ги отвора поглавјата за членство во ЕУ“, истакна премиерот.

Тој го рече дека носењето на новиот закон за Јавно обвинителство, како придонес кон влеењето на правото во државата.

Главните забелешки на опозицијата се вградени во предлог законот

Одлучна и бескомпромисна борба против корупцијата и организираниот криминал

Никој не  е привилегиран, никој нема да биде амнестиран, порача Заев.

Тој заврши со зборовите Македонија се докажа и покажа како земја во која владее правото.