Хана ќе навива за мама Тамара во Израел!

171

Нашата евровизиска претставничка Тамара Тодевска која овој мај ќе ја видиме на фестивалската сцена во Израел и на која секако дека и посакуваме многу среќа во една навистина остра конкуренција, често со своите фанови и пријатели споделува и слики од својот приватен живот. Таа е воедно и една од ретките македонски пејачки која и на тој начин ја покажува својата блискост со оние кои ги сакаат нејзините песни, а воедно ја сакаат и неа како пејачка. Но, фановите отворено и порачуваат дека ја сакаат и нејзината потесна фамилија бидејќи сите се слатки, насмеани, убави, духовити….

Па, така Тамара широко насмеана ги почести обожавателите со сликата на која е со сопругот, нагалено наречен Мачка, и со ќеркичката Хана за која се пофали дека има ново фризурче. Така и треба уште од сега да се подготви за Израел. Затоа и очекуваме дека и Хана со сите сили ќе навива за мама на “Евросонг”, зашто никогаш не се знае, чуда се случуваат, па и Македонија еднаш да победи. А, зошто да не може?!  Д.М.