Екипата на Мерцедес ќе мора да издвои фантастични 55 милиони евра доколку сака да ја продолжи соработката за уште една година со шесткратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон.

Според италијанскиот весник „Кориере дело спорт“, Хамилтон поднел услови кои мораат да бидат исполнети за Британецот да остане во тимот. Тој побарал четиригодишен договор од 55 милиони евра и амбасадорска улога во Мерцедес кога ќе се повлече од спортот. Сегашната плата на 35-годишниот Хамилтон е околу 42 милиони евра.