Хамилтон со титула за Ферари ќе стане поголем и од Шумахер

126

Тимот на Мерцедес досега осови пет, а наскоро ќе го подигне и шестиот тимски шампионски пехар во Формула 1. Исто така Британецот Луис Хамилтон во германскиот болид ниже титули, но она што и смаиот дипломатски го наговести („Пораките на фановите на Ферарида мренинам во италианскиот тим се се побројни и почести“) би можеле во блиска иднина да станат реалност.

Договорот на Хамилтон со Мерцедес истекува во 2020 година, а доколку се пресели од германскиот во италијанскиот тим и успее да освои титула ќе го надмине и легенадарниот германски пилот Михаел Шумахер, односно ќе стекне статус на најдобар пилот во Ф1.

Хамилтон наскоро ќе ја освои шестата титула, а со седум би се изедначил со Шуми. Уште тоа да го направи во болидот на Ферари и да има титули со три различни тима (Мекларен, Мерцедес и Ферари), тогаш никој нема да може да му каже дека не е најголем на сите времиња.

За работата да биде уште покомплицирана, шефот на Мерцедес, Тото Волф изјави:

-Желбата да се седне во Ферари е сон на секој пилот. Тоа е најголемиот бренд во иаторијата на Формула 1 и затоа секогаш сме биле отворени по тоа прашање со Хамилтон. Ако и по 2020 остане со нас, супер, ако си змаине нема да правиме драма, вели Волф.