Одличниот Луис Хамилтон стигна до својата 100-та победа во кариерата во Формула 1.

Трката за ГН на Русија на патеката во Сочи беше повеќе од возбудлива, а трагичар на денот е возачот на Мекларен, Ландо Норис. Норис водеше до последните неколку круга кога почна да врне. Хамилтон влезе во бокс на три круга пред крајот, а Норис одлучи да остане на патеката.

Откако му беа ставени гуми за дожд, возачот на Мерцедес брзо го стигна Норис кој на крајот заврши како седми.

Одличното второ место освои Макс Верстапен, кој стартуваше последен, благодарение на навремениот бокс и одличната тактика во Ред Бул.

Подиумот го комплетираше Карлос Саин од Ферари, додека Даниел Рикардо, Валтери Ботас, Фернандо Алонсо, Кими Раиконен, Серхио Перез и Џорџ Расел исто така дојдоа до бодови.

Во генералниот пласман, Хамилтон сега го надмина Верстапен. Возачот на Мерцедес има 246.5, а возачот на Ред Бул 244.5 поени. Следната трка се вози за две недели во Турција.