Хамилтон: Патеката во Мексико е најнепогодна за Мерцедес

57

Луис Хамилтон нема преголеми очекувања од претстојната трка од Формула 1 шампионатот, која ќе се вози во Мексико Сити. Британецот смета дека за болидите на Мерцедес ова е најлоша трка во годината, и не им одговара воопшто.

Хамилтон има шанса шестипат да стане светски првак, има шест различни комбинации како тој може да ја освои титулата уште викендов, но очекувањата не му се преголеми.

– Конфигурацијата на патеката е најлоша за Мерцедес. Ќе ни биде многу тешко, тоа се виде и претходните години, изјави Хамилтон.

Во 2017 и 2018 година во Мексико победуваше Макс Верстапен од Ред Бул.