Актуелниот шампион во Формула 1 и лидер во генералниот пласман, Британецот Луис Хамилтон, извозе најдобро време во денешните квалификации во Турција, но ќе стартува од 11. позиција поради промена на моторот и казна од десет позиции.

Токму поради тоа, тимскиот колега на Хамилтон од Мерцедес, Финецот Валтери Ботас, кој извозе второ најдобро време, ќе стартува од првата позиција,  додека од второто место ќе тргне возачот на ред Бул, Макс Верстапен.

Од вториот стартен ред ќе стартуваат Шарл Леклер од Ферари, додека веднаш до него ќе биде Пјер Гасли. Одлични квалификации повторно имаше Фернандо Алонсо, како и Серхио Перез, Ландо Норис, Ленс Строл и Јуки Џунода.

Трката за Големата награда на Турција ќе се вози утре од 14 часот, а ова ќе биде одлична можност за Верстапен да го преземе врвот во генералниот пласман на возачи, бидејќи има заостаток од два бода во однос на Хамилтон.