EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, верува дека неговиот тимски колега Луис Хамилтон ќе го продолжи договорот со тимот на крајот од сезоната.

  • Сигурен сум дека Луис ќе биде со нас уште најмалку неколку години. Во моментот не сме во добра позиција, но знам дека и кај него сè уште постои жар и желба да остане за да стигнеме до што подобри резултати, вели Расел.

Според последните изјави, Хамилтон е незадоволен од перформансите на болидот, но и покрај тоа, се очекува наскоро да потпише нов договор со тимот на Мерцедес.