Хамилтон најбрз на првиот тренинг, Леклер втор

100

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон, имаше најдобро време на првиот слободен тренинг, пред трката за големата награда на Мексико во Формула 1.

Втор беше Шарл Леклер од Ферари, а трети Макс Ферстапен од Ред Бул. Помалку од една секунда зад Хамилтон заостанаа и Александар Албон, Валтери Ботас и Себастијан Фетел.

Хамилтон велеше дека Мерцедес не е фаворит во Мексико, но првиот тренинг покажа дека сепак „сребрените стрели” ќе бидат конкурентни. Британецот може да ја освои титулата ако в недела освои 14 бода повеќе од клупскиот колега Ботас.

Вечерва се вози вториот слободен тренинг, утре се третата сесија и официјалните квалификации, а трката е в недела во 20.10 часот по средноевропско време.