Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, изрази сочувство за смртта на легендарниот кошаркар Коби Брајант. Хамилтон го нарече Брајант еден од најголемите спортисти во историјата.

  • Со тага дознав дека изгубивме еден од најголемите спортисти во историјата. Личност која беше инспирација за толку многу луѓе – вклучително и мене. Длабоко ми е жал за неговото семејство и од сите луѓе за кои тој беше пример. Нека Коби и неговата ќерка да почиваат во мир, истакна Хамилтон.