Хамес нова „карамела“

106

Англискиот премиерлигаш Евертон е на добар пат да излези како победник во трката по потписот на колумбискиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Хамес Родригез. Британските медиуми информираат дека преговорите помеѓу двата клуба се во финалната фаза и дека во следните неколку дена ќе биде постигнат конечен договор. Од продажбата на офанзивниот играч за врска челниците на „кралскиот клуб“ очекуваат заработка не помала од 20 мил. евра.