Хамас со лажни профили ги заведувал израелските војниците

25

Палестинската исламистичка групација Хамас успеала да ги хакира мобилните телефони на „илјадници“ израелски војници, објaви во неделата портпаролот на израелската армија, истакнувајќи дека тоа сепак не резултирало со загрозување на нивната и националната безбедност.

Со тоа милитантното палестински движење кое управува со енлаквата Појасот Газа, сакал да собере разузнавачки информации, изјави портпаролот на израелската војска, полковникот Јонатан Конрикус.

Израелската војска заедно со безбедносната агенција Шин Бет го спречила обидот на Хамас откако војниците пријавилe сомнителни обиди да се стапи во контакт со нив преку социјалните мрежи. Се покажало дека младите атрактивни жени кои барале воспоставување контакт, биле фиктивни лица, откри Конрикус.

Според израелската војска, со таа цел Хамас создале неколку лажни профили на социјалните мрежи, користејќи фотографии на млади привлечни жени. Првпат, според Конрикус, Хамас дури успеал да користи и генерирани женски гласови, кои можеле да комуницираат со војниците или да им испраќаат аудиопораки. За да ја додадат автентичноста на своите лажни ликови и да го објаснат на нивното непознавање на хебрејската граматика, на војниците им кажувале дека жените се еврејски имигранти.

Девојките’ им нуделе на војниците преземање посебни програми за размена на фотографии и пораки кои по извесно време исчезнуваат. При преземањето на апликацијата, вирусот се внесува во телефонот, добивајќи пристап до сите податоци сочувани во него, вклучително и геолокацијата, меморијата на уредот, камерата. Ваквата програма-шпион, според војската, овозможувала да се прават снимки со далечинско управување со мобилниот телефон.

„Ова е трет ваков обид во последните три и пол години. Последниот вакво напад го одбивме во јули 2018 година… И забележуваме дека овој пат непријателот користел понапредни и технички поусовршени методи“, изјави Конрикус.

Хакерите стапиле во контакт со војниците преку популарните социјалните мрежи и месинџери Facebook, Instagram, WhatsApp, а првпат за ваква цел бил искористен и Telegram.

Во спречувањето на овој и на сличните напади во минатото, меѓу другото, според Конрикус, помогнала и „будноста и подготвеноста“ на самите припадници на војската.

Израелската армија не се сомнева дека зад обидите да се инсталира шпионска содржина на телефоните на нејзините припадници стои Хамас. Тоа го потврдиле и со фактот дека овој пат бил активиран лик кој претходно веќе бил користен од страна на палестинската групација за слични цели.