Халанд го одбра следниот клуб

709

Бомбардерот на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Ерлинг Халанд, е можеби најбараниот играч во фудбалскиот свет, а порталот „Гол“ откри дека норвешкиот интернационалец сака својата кариера да ја продолжи во редовите на шпанскиот гигант Реал (М).

На одиграните 70 натпревари во „жолто-црниот“ дрес, Халанд има постигнато 71 погодок и запишано 19 асистенции. На крајот од актуелната сезона ќе биде активирана и ослободителната клаузула во неговиот договор, која изнесува 75 мил. евра.

  • Дознавме дека репрезентативецот на Норвешка на своите најблиски им има кажано дека сака својата кариера да ја продолжи во редовите на Реал (М), но се уште не е донесена конечната одлука, објави „Goal.com“

Истиот извор потенцира дека Халанд е голем фан на англиската Премиер лига и дека голем интерес за неговите услуги покажуваат раководните лица на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул. Неговиот актуелен клуб, Борусија од Дортмунд, пак сака да биде продолжена соработката која моментално е со важност до 2024 година.

  • Можеби, ќе го убедиме да остане во нашите редови. Ќе дадеме се од себе, ќе направиме се што мораме. Халанд се уште не донел никаква конечна одлука, но јас би се обложил на 100 евра дека ќе остане во Борусија, изјави техничкиот директор на германскиот бундеслигаш, Себастијан Кел.