Хакиран аеродромот во Рио де Женеиро, на екраните наместо огласи се појавија порнографски снимки/ВИДЕО

319

Патниците кои чекале лет на аеродромот Сантос Думот во Рио де Женеиро, вчера ги изненадиле порографски снимки на екраните за огласување.

Вест за хакирањето на аеродромскиот систем набрзо се проширила по социјалните мрежи со експлицитни фотографии на екраните на аеродромот.

„Се чини дека денеска многу луѓе ќе го пропуштат својот лет“, се пошегувал еден од корисниците на социјалните мрежи. „Добредојдовте во порнодромот Сантос Думонт“, напишал некој друг на Твитер.

Државната компанија Инфраеро која управува со аеродромот , соопшти дека биле хакирани екраните за реклами, а не оние со информации за летовите и дека одговорноста е на друга компанија.

И додека за повеќето од корисниците на социјалните мрежи овој инцидент е смешен, дел од патниците што се затекнале на аеродромот, посебно оние што патувале со деца, биле шокирани од пропустот на одговорните.